Menu
Tablet menu

Фармерките се неизоставен дел од гардеробата и кај мажите и кај жените бидејќи тие никогаш не излегуваат од мода. Се носат често и затоа е важно во нив да изгледате најдобро што можете. Ако сакате да ги следите актуелните трендови при купување сепак внимавајте тие модели да одговараат на вашата градба. Изборот на совршени фармерки одеднакво е тешка задача колку што е и важна. Вклопете го својот тип на тело со одреден крој фармерки и задолжително водете сметка да се во соодветна големина. При носењето на фармерките, водете се според овие едноставни правила:

  1. При пробување на фармерките, тие треба да бидат како скроени за вас! Ако можете да ставите 2 прста, тоа е ОК, ако можете да ја ставите целата рака – барајте нов број.
  2. Позицијата на задните џебови е клучна за добриот изглед на задникот.
  3. Фармерките перете ги така што ќе ги превртите наопаку и исклучиво само со друг џинс, бидејќи ја испуштаат препознатливата индиго боја.
  4. Џинсот не трпи топлина, па со тоа можете да го избегнувате пеглањето.
  5. Погледнете ја декларацијата на фармерките. Оние со мал процент на еластин се удобни и подобро се припиваат за телото. Ако процентот е поголем од 5%, моделот брзо ќе го промени обликот, што не е добро.

За сите оние кои сакаат практичен и лежерен, а сепак модерен изглед – џинсот е вистинскиот избор. Тој може да изгледа секси, елегантно, едноставно – само искомбинирајте го со соодветните парчиња облека. Посетете ги продажните локации, одберете модел од нашите колекции и изгледајте секогаш модерно.

  1. Слики
  2. Модни новости
Галерија
Не е најден дотур
  • 1
  • 2
Женски фармерки

Женски фармерки

Среда, 04 Декември 2013

Машки фармерки

Машки фармерки

Среда, 04 Декември 2013

Login or Register